21 февруари – Ден на мајчиниот јазик – Пишувајте кирилица, говорете Македонски јазик, сакајте ја Македонија!
Денес е Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Прогласен е на XXX седница на Генералната конференција на УНЕСКО во 1999 г. Во 2000 г, овој датум е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и повеќејазичност.
Според статистичките податоци, во последните три века има изумирање или драматично намалување на јазиците, особено на американскиот и австралискиот континент. Во светот денес се зборуваат околу 6.500 јазици, а на околу половина им се заканува исчезнување во многу делови од светот.
Јазикот е идентитетот на еден народ, да го чуваме и негуваме!
,,Народ што зборува и мисли на свој мајчин јазик, никогаш не исчезнува”.
К. П. МИСИРКОВ
Пишувајте кирилица, говорете Македонски јазик, сакајте ја Македонија!