1500 нови заболени од Ковид-19, 16 лица починати

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 5.693 тестови, а регистрирани се 1.500 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 775, Кавадарци – 74, Битола – 66, Куманово – 60, Тетово – 56, Велес – 49, Гостивар – 45, Прилеп – 44, Охрид – 42, Струмица – 38, Кичево и Неготино – по 32, Гевгелија – 30, Кочани – 28, Радовиш – 22, Штип – 18, Струга – 11, Свети Николе и Дебар – по 10, Крива Паланка и Богданци – по 9, Валандово – 8, Делчево – 6,  Ресен – 5, Демир Хисар – 4, Виница, Пробиштип , Македонски Брод , Македонска Каменица , Демир Капија, Пехчево и Дојран – по 2, Берово, Кратово и Крушево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (1.500), регистрирани се 195 реинфекции .

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 10 починати лица:  по 2 починати лица од Скопје (75г и 87г), Куманово (72г и 80г) и Тетово ( 80г и 89г), и по едно починато лице од Гостивар (62г), Демир Капија (73г), Прилеп (61г) и Струга (84г). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 6 починати лица, Штип (1), Охрид (1), Кочани (1), Тетово (1), Скопје (1), и Кичево (1). Починатите се на возраст од 57г до 82г. Од пријавените лица 3 се починати во болнички услови и 3 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 13.01.2021 – 03.02.2022г.

Од вкупниот број на починати лица (n=16),  3 лица се целосно вакцинирани, а кај сите 16 лица се регистрирани коморбидитети.

Постави одговор

Your email address will not be published.