Јаревски: Дали е точно дека постои приватна брза помош што работи на диво?

Наместо хвалоспеви од Владата се чекаат одговори и одговорност!

Дали е точно дека постои приватна брза помош што работи на диво?

Зошто Мој Термин ,не функционира. Зошто во Скопје нема термини за интерно,за ренген,за неврологија,за очно,за ушно..

За колку болести и колкав број на Скрининзи се прекинати? Смееме ли да прашаме колку животи на наши сограѓани зависат од тие скрининзи?

Дали е нормално после речиси 3 години здравствена ковид криза и илјадници изгубени животи, дали е НОРМАЛНО да нема НИКАКВИ протоколи за ЛЕЧЕЊЕ на ковид пациенти во примарното и секундарното здравство, односно кај матичните лекари ниту во болниците.

Зошто со владеењето на ДУИ и СДСМ е изедначен ризикот од инфаркт со кој може да се здобие просечен Македонец од загадениот воздух, со ризикот од инфаркт на македонецот кога сопругата ќе му нарача да купи краставица од пазар.