Цената на горивата до небото: РКЕ донесе одлука за нови цени
Од полноќ повторно се зголемува цената на горивата.
Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт,
изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 82,50 (денари/литар) – се зголемува за 0,50 денари/литар во однос на мината недела.
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 84,50 (денари/литар) – се зголемува за 0,50 денари/литар во однос на минатата недела.
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 74,00 (денари/литар) – останува иста
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 73,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 46,921 (денари/килограм) се зголемува за 0,430 денари/литар во однос на минатата недела.