Уште една честитка од истокот: од Скопје до Штип со две нови патарини ќе се плаќаат 160 денари

Од месец мај, секој кој ќе патува од Скопје до Штип ќе треба да одвои по 160 денари за двете нови патарини кои се градат овој период. Значи, во двата правца – 320 денари.

Директорот на ЈП Македонија Пат, Ејуп Рустеми, изјави:

„Кога зборуваме за начинот на плаќање на патарините тоа е утврдено за висината на цената според Законот за државни патишта, но истовремено треба да ве информирам дека ние како ЈП веќе имаме еден модел, тоа е модернизација на Коридорот 10 што е веќе извршено каде што имаме електронско плаќање. Тоа е подобра метода која се поддржува и од ЕУ. Веќе и во ЕУ доста држави имаат иницијатива да ги тргнат винетите и да се пременува на електронско плаќање. Ние веќе имаме овде електронско плаќање и овие две патарини на релација Миладиновци – Штип ќе бидат со електронско плаќање“, вели Рустеми.

Прашан дали се размислува за намалување на цената на патарините, Рустеми рече:

„Се врши целокупна анализа бидејќи сите приходи што доаѓаат од патарините ние ги вложуваме во изградба на нови патишта и на рехабилитација на сите патишта што ги имаме во државата што спаѓаат кај државните патишта“.

А тоа што граѓаните веќе два месеца мораат да возат како да се на Формула 1 заради свлечиштето кое два месеца не е санирано, дури денес Министерот Бочварски рече дека тимови на ЈП Македонија пат ќе извршат увид за да се констатира која операција од постоечките на терен може да ја извршат и да ја завршат како Јавно претпријатие, а се она за што ќе биде потребна поголема механизација ќе биде избрана компанија на тендерска постапка која што е во тек. Така што, се прават сите подготовки да се санираат овие две свлечишта и автопатот целосно и комплетно да биде со целиот свој обем пуштен во функција

Постави одговор

Your email address will not be published.