Серија земјотреси во охридско – струшкиот регион
Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани два земјотреса во охридско – струшкиот регион. Првиот беше во 21 часот и 7 минути со локална Рихтерова магнитуда ML2.5 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а вториот во 21 часот и 26 минути со локална Рихтерова магнитуда ML2.6. и интензитет од III-IV степени.
Во текот на ноќта, поточно во 03 часот и 22 минути е регистриран уште еден земјотрес во епицентрално подрачје Пештани-Охрид-Струга со Рихтерова локална магнитуда ML2.6 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.