СДСМ на шверцерски начин сака да го помине Законот за академија за судии и јавни обвинители

„Во текот на целиот ден во тензична атмосфера работиме во Собранието. СДСМ се обидува на шверцерски начин да го помине Законот за академија за судии и јавни обвинители со цел да продолжи партизацијата на правосудните органи.

Ние Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата остро ќе се спротивставиме на ваквите обиди.

Ќе седиме и дење и ноќе, нема да дозволиме ова да продолжи.

Доста е!

Ајде на избори па народот да каже што мисли“, пишува Жаклина Пешевска.