Првата антикорупционерка потврди дека функционери имаат имот кој не го пријавуваат, ЈО да истражи дали е купен со парите од криминалните тендери
Соопштение до јавноста, реакција на изнесените ставови на Билјана Ивановска во дневникот на Сител
Првата антикорупционерка потврди дека функционери имаат имот кој не го пријавуваат, ЈО да истражи дали е купен со парите од криминалните тендери.
Билјана Ивановска, претседател на ДКСК вечерва во интервју за една национална телевизија кажа дека знае функционери кои имаат имоти кои не ги пријавуваат, т.е. се врз други лица.
Во изминатиот период имавме бројни скандали и корупциски афери, од кои гледавме како од власта се испумпувани пари преку тендери, набавки се плаќани неколкукратно поскапо од тоа што чинат, изјавата на Ивановска само потврдува дека тие пари завршиле во купување на имот, кои функционерите го кријат
Доколку Билјана Ивановска како прв антикорупционер во државата знае за политичари кои имаат имот, а не го пријавеле, т.е. е запишан врз други лица, таа од позиција на институцијата на чие чело се наоѓа треба веднаш да поднесе кривични пријави против истите и да ги обелодени пред јавност.
Од изјавата се добива впечаток дека Ивановска точно знае кои лица кријат имот. И таа мора да ги обелодени.
Ја повикуваме Ивановска да ги обелодени политичарите кои кријат имот пред јавноста, а ЈО да ја повика Ивановска на разговор и да отвори постапка по допрен глас.
На граѓаните им е преку глава од функционери кои преку ноќ стануваат богати, на сметка на нивните позиции и со злоупотреба на функцијата. Одговорност мора да има.