Од утре ќе се врши скрининг на асимптоматски случаи во основните училишта
Со брзи антигенски тестови од утре ќе почне скринингот за учениците во основните училишта за да се откријат асимптоматските случаи.
Во основните училишта е зголемен бројот на новозаболени од Ковид-19, а тоа било аларм за да се иницира ваков скрининг кој ќе покаже каква е трансмисијата на вирусот меѓу учениците, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ.
Скринингот ќе се изведе во самите училишта, а денес родителите веќе добиле согласности, кои ако сакаат и не мораат да ги потпишат и да ја дадат својата согласност.