Милионерот Ковачевски со три стана, девизни милионски сметки им порача на сите да се вратат од странство, а државава прогласена за 4-та најсиромашна земја во цела Европа со најголема корупција

Скандалозно е тоа што СДСМ се фали со раст на минимална плата, а Ковачевски вели дека во државата има мед и млеко и порачува сите да се вратат во земјава, кога економијата и официјално е прогласена за 4-та најсиромашна во Европа, пола милион луѓе живеат со по 100 денари на ден.

Ковачевски по логиката СИТ НА ГЛАДЕН НЕ ВЕРУВА.

Милионерот Ковачевски не може да ги разбере потребите на народот кога на личната сметка има неколку десетици милиони денари.

Три стана, пасат и поло, побарувања, девизни и денарски депозити, акции и удели, ова е накусо имотната состојба на Димитар Ковачевски. Како личен имот, имот на брачен другар или имот на деца пиунот Ковачевски поседува денарски депозит од 3,8 милиони денари, денарски депозит од 2,6 милиони денари, денарски депозит од 1,5 милиони денари, 1,46 милиони денари, денарски депозит од 1,47 милиони денари, девизен депозит од 24 илјади евра, девизен депозит од 26 илјади евра, како и неколку други девизни депозити. 

Минималната плата не е доволна за да се живее добро. Потребно е раст на стандардот и раст на целата економија.