Лефков: Огромна лага е дека некој ја опструира комисијата за образование бидејќи тука станува збор за спречување на страшна партизација
Огромна лага е дека некој ја опструира комисијата за образование. Министерката која е повереник на законот каде вели дека порастот на плати не може да биде со закон туку мора да биде предмет на социјален дијалог, а во исто време се вели дека имаат предлог закон со кој ќе се покачат платите, ова претставува чист оксиморон парадокс, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков на денешната собраниска седница.
„Во членот 66-ж пишува дека министерството и репрезентативниот синдикат склучуваат спогодба каде се утврдува износот на вредноста за бодот на пресметување на платите на наставниците и стручните соработници а во рамки на предвидениот буџет и врз основа на вкупниот број извршители“, рече Лефков.
Доколку власта става одредба дека бодот кој ќе се утврдува според буџетот и врз основниот број на даватели на услуги тогаш за какво зголемување станува збор тука. Буџетот веќе се зголеми за плаќање и трансфери кон ЕСМ.
„Тука станува збор за спречување на страшна партизација. Ако сакате да го усогласите бодот на наставниците потребно беше да го прифатите нашиот амандман затоа што колективните договори и сите договори треба да се водат од минималната плата затоа што тоа е целта и поентата на минималната плата“, нагласи Лефков.