Бугарскиот премиер Кирил Петков го отстрани македонскиот премиер Димитар Ковачевски од заедничката фотографија со американскот државен секретар Ентони Блинкен, сликана за време на говорот на американската потпретседателка Камала Харис на Минхенската безбедносна конференција, пренесе „БГНЕС“.
Елиминирањето на корупцијата е врвен приоритет за целата демократска заедница и безбедносните служби. Ќе работиме заедно за да се справиме со овој проблем! Ако успееме да го направиме тоа, веднаш ќе следат инвестиции и нови високо платени работни места!, напиша Петков во прилог на фотографијата споделена на социјалните мрежи.
Пред само неколку часа, Ковачевски ја сподели „непресечената“ фотографија каде се гледа дека и тој е на сликата со Петков и Блинкен: