Ковачевски одби национален консензус со Бугарија дали сега ќе одбие и писмени гаранции за јазикот и идентитетот!?
Ковачевски одби национален консензус со Бугарија дали сега ќе одбие и писмени гаранции за јазикот и идентитетот!?
Ковачевски бега од национален консензус, затоа и неговите пратеници не ја поддржаа Декларацијата за Гоце Делчев.
Одбивањето на гласањето на Декларацијата за Делчев дава сомнеж дека Ковачевски преговара надвор од зацртаните црвени линии.
Македонија треба да добие писмени гаранции дека Бугарија нема да го негира јазикот и идентитетот, а Ковачевски како премиер тоа треба да го побара и обезбеди, но и гаранции од Брисел дека Македонија нема повеќе да биде блокирана.
Јазикот, идентитетот, односно македонската национална посебност не смеат да бидат тема на разговор.
Ковачевски да се однесува согласно позицијата, и наместо да ги подрива, да ги заштити македонските интереси. Нека излезе од матрицата на Заев, и да покаже чувство за национално единство.