Имаат ли дно, образ, срам???
„На денес закажаната Комисија за култура со точка “Програма за одбележување на јубилејни годишнини за 2022 година” на која пратениците од ВЛАСТА едвај се појавија, а Кастриот Реџепи, како претседател по отворањето веднаш и ја затвори, уште еднаш се покажа НЕДРЖАВНОСТ НА ОВАА ВЛАСТ! Тотално нелогично е во февруари да се започнува процедура за Програма бидејќи годината поминува и јубилеи, како за нас во моментов најважниот 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, 4 февруари, веќе помина. За СДСМ/ДУИ ниту Делчев, ниту Сандански, ниту македонската химна не е важна.
Собранието се понижува пред граѓаните, Власта ја понижува МАКЕДОНИЈА! Колегата Реџепи веројатно сака да се одбележат други датуми, оние кој не се важни за Македонија туку за неговото срце кое знаеме каде е. Пратениците од СДС/ДУИ и понатаму не дозволуваат изгласување на Декларацијата за Гоце Делчев. Поголема срамота пред сопствениот народ нема, ниту ќе има“, пишува Велика Стојкова Серафимовска.