Изјава по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

„Како делегација на највисоко ниво на ВМРО-ДПМНЕ, денес одбележуваме 150 годишнина од раѓањето на големиот македонски деец Ѓорѓи Николов Делчев, којшто оставил голема трага за нас македонците, за Македонија, со неговото дело и неговата борба за независна, суверена македонска држава, во срцето на Балканот, не’ задолжил истата да ја чуваме, негуваме и развиваме за генерациите после нас да се сеќаваат на неговото големо дело и за Македонија и за македонскиот народ, во чија нераскинлива алка е овој човек.

Денес, како ВМРО-ДПМНЕ, во рамките на македонското Собрание ќе поднесеме декларација со којашто сакаме да добиеме поддршка од сите политички партии, коишто се парламентарни и вонпарламентарни, со една цел: Да го зацврстиме темелот за ликот и делото на Гоце Делчев.

Очекувам сите политички партии, без разлика дали се парламентарни или се надвор од Парламентот, истата да ја поддржат“, изјави Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО ДПМНЕ.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/305538868302679