Единствен кој е фатен во рекет во РЕК е Вице, за власта потоа да го брише неговото име од кривична пријава
Богданка Кузеска да го праша Ковачевски во која канцеларија се наоѓа Луј Витон торбата.
Кога ќе праша, следен пат на прес конференција нека каже колку милиони рекет завршиле во врвот на СДСМ.
Единствен кој е фатен жив во рекет во РЕК, е Вице, за власта потоа да го брише неговото име од кривична пријава.
Во изминативе 5 години во РЕК вртат камиони со струмички таблици. Се испумпуваат милиони преку договори во 4 очи.
СДСМ е криминална партија. Тие дадоа пасоши преку МВР на 215 светски криминалци.
Рашковски местеше тендери, а сега е на слобода. Ден Дончев сите го видоа како става туце пари во торба, а за него не се отвори ниту истрага.
СДСМ е партија со криминална матрица. Тие освен криминал ништо друго не прават. Се ближи времето за одговорност и затоа се нервозни.