26 починати и 1.908 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 5.834 тестови, а регистрирани се 1.908 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 972, Кавадарци – 112, Куманово – 111, Битола – 105, Велес – 62, Тетово – 58, Прилеп – 54, Неготино – 46, Струмица – 45, Охрид – 43, Гостивар – 34, Гевгелија – 30, Штип – 27, Кичево и Кочани – по 24, Радовиш – 22, Ресен – 21, Валандово – 17, Крива Паланка – 16, Струга – 15, Свети Николе – 12, Берово и Богданци – по 10, Делчево – 9, Виница – 5, Демир Капија и Пехчево – по 4, Дебар, Пробиштип и Македонски Брод – по 3, Кратово, Крушево и Македонска Каменица – по 2, Дојран – 1 .

Од вкупниот број на позитивни (1.908), регистрирани се 254 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 22 починати лица: 5 починати лица од Скопје (53г, 69г, 69г, 75г и 75г), по 2 починати од Битола (74г и 85г), Велес (68г и 93г), Куманово ( 78г и 82г ) и Свети Николе ( 52г и 78г) и по едно починато лице од  Кавадарци (57г), Кичево (65г), Македонски Брод (60г), Неготино (73г), Охрид (65г), Прилеп  (82г), Радовиш (81г), Ресен (63г) и Струга (83г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови..

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени

се 4 починати лица од: Делчево (2), Скопје (1) и Пробиштип (1) на возраст од 56г до 79г. Пријавените се починати во период од 04.01.2022 до 26.01.2022г. Од пријавените лица две се починати во болнички услови, а две лица во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица (n=26),  седум лица се целосно вакцинирани, а кај 19 се регистрирани коморбидитети.