Ќе има ли крај: 2.341 нови случаи на КОВИД-19, 26 починати
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 6.193 тестови, а регистрирани се 2.341 нов случај на КОВИД-19:
Скопје – 1.146, Битола – 185, Кавадарци – 115, Куманово – 101, Велес – 92, Тетово – 74, Прилеп – 72, Гевгелија – 65, Гостивар – 49, Кичево – 45, Охрид и Неготино – по 43, Валандово – 31, Радовиш – 29, Ресен – 28, Кочани – 27, Струмица и Струга – по 25, Штип – 20, Делчево – 17, Свети Николе – 16, Богданци – 15, Виница – 10, Крива Паланка, Берово и Демир Капија – по 9, Демир Хисар – 8, Кратово и Пехчево – по 6, Македонски Брод и Македонска Камница – по 5, Крушево – 4, Пробиштип – 3, Дебар и Дојран – по 2.
Од вкупниот број на позитивни (2.341), регистрирани се 308 реинфекции, од кои една втора реинфекција.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 21 починато лице: 10 починати лица од Скопје, по 2 починати од Тетово, Велес и по едно починато лице од Гевгелија, Кавадарци, Крива Паланка, Куманово, Македоснка Каменица, Охрид и Струмица. Пријавените се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице, од Штип, со датум на смрт на 19.01.2022г. во болнички услови.
Дополнително од Гевгелија пријавени се 4 лица, починати во претходните две недели. Сите се починати во болнички услови.