Руската амбасада ја „подбра“ министерката

На изјавите на Министерката за одбрана дека постои можност армијата на земјата да биде вклучена во евентуален воен конфликт меѓу Украина и Русија, се огласија од Амбасадата на Руската Федерација.

Тие се изненадени од нејзините последни изјави, посебно дека поставувањето на вооружените сили од страна на Руската Федерација е провокативно и има дестабилизирачко дејствување и дека се изготвуваат анализи за можностите за потенцијално учество на Армијата на Република Македонија во случај на руската инвазија на Украина.

Амбасадата нагласува дека Русија никогаш и никаде не упатила закани кон Украина и дека нема да превземе никакви агресивни дејства. Во однос руските трупи, тие потсетуваат дека имаат право да се движат на своја територија кога сакаат и колку сакаат.

Инаку, од амбасадата нагласуваат дека Украина ги избегнува своите обврски од Договорите од Минск.

За крај, упатуваат совет до Министерката да ја земе предвид реалната состојба при поставувањето на приоритетите за работата на министерството на чело со неа.