Резил: 88 евра една чинија, 10 евра нож за новиот премиер, а народот трпи за леб!
Во јавноста денес протече документ со кој се гледа дека новиот премиер ќе започне со нов прибор за угостителство.
Службата за општи и заеднички работи ја подновувава владината кујна. Покрај бела техника набавува и нови прибори за јадење, со највисок квалитет, порцелан, инокс и кристал. Дел од набавките се и за бела техника- електрична и плинска скара, витрина, фрижидер од инокс, фрижидер за замрзнување храна, апарат за пеглање, стик правосмукалка, машина за пакување храна итн, но, и повеќе комплети на најразлични прибори за јадење за кујна, чинии од тврд поцелан со висок сјај, ножеви, вилушки, лажици и што ли уште не.
Сумата за набавката за бела техника е 37.000 евра, а за приборот над 17.000 евра.
Во услови кога народот едвај сврзува крај со крај, кога луѓето смрзнуваат заради недостатокот на парно или електрична енергија, нив им е дојдено до нов прибор за јадење.
На здравје нека ни е на сите!