Милошоски: Османи да дојде пред Комисијата за надворешни работи во Собранието и да ги достави одговорите што ги испратиле до Софија во однос на планот 5+1

Денес би сакал да Ве известам за писмото со кое што бараме од министерот за надворешни работи да дојде пред Комисијата за надворешна политика во Собранието и да Ни ги достави одговорите кои што македонската страна ги има испратено до официјална Софија за таканаречениот план 5+1.

Ова го бараме затоа што сметаме дека не е транспарентно и не е демократски доколку пратениците  во софиското Собрание знаат она што македонските пратеници не го знаат и македонската јавност има право преку претставниците во Законодавниот дом да дознае за што се работи.

Дали има нешто да се крие или има нешто да се разговара со сите пратеници?

Ова барање го претставувам денес јавно и од една дополнителна причина, бидејќи министерот за надворешни работи Бујар Османи, иако е скаран со неговиот колега Никола Димитров, сепак минатиот декември покажа дека имаат исти навики. Минатиот декември, минатата година му доставивме барање да се обрати пред Комисијата за надворешна политика, но за жал истото го игнорираше и не се појави, а е негова законска обврска.

Затоа сметам дека со порака преку јавноста, освен вака со писмено барање, ќе успееме да ги доведеме министрите во Собранието каде што имаат законска надлежност, да дадат отчет за нивната работа, а Собранието да биде надзор и контрола, вели Милошоски.

Линк до видеото: