Ковид биланс за денес: 1.396 нови позитивни случаи и 9 починати лица
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 11.479 тестови, а регистрирани се 1.396 новислучаи на КОВИД-19:
Скопје – 790, Битола – 164, Прилеп – 80, Кавадарци – 41, Куманово – 31, Охрид и Гевгелија – 26, Гостивар – 24, Кичево – 22, Велес – 21, Ресен – 19, Тетово – 18, Неготино – 17, Штип и Кочани – по 16, Струга – 12, Крушево – 9, Пробиштип – 8, Свети Николе, Крива Паланка и Радовиш – по 7, Валандово и Македонски Брод – по 6, Струмица – 5, Делчево – 4, Богданци и Пехчево – по 3, Виница и Кратово – по 2, Берово, Демир Хисар, Македонска Каменица и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: по едно починато лице од Демир Хисар (78г), Битола (79г), Ресен (73г), Прилеп (76г) Штип (63г) и Македонска Каменица (73г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД – дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 233.464, бројот на оздравени пациенти е 214.854, на починати е 8.032, а бројот на активни случаи изнесува 10.578.