Кирил Петков го „отепаа“ од карање
Новиот бугарски премиер деновиве има силни критики заради најавената посета на Македонија на 18 јануари.
Вчера во интервју за Бугарската Национална Телевизија, долгогодишниот дописник од Скопје, новинарот Костадин Филипов, упати критики до новиот премиер на Бугарија, нагласувајќи дека не тој, Петков, туку новиот премиер на Македонија треба да биде тој што ќе ја посети Бугарија, и да се изјасни во врска со „ исполнувањето на барањата“ на Бугарија за да се подигне ветото.
По него се огласи и бившата министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, со иста критика и став дека новиот премиер на Македонија треба да дојде во Бугарија, а не обратно. При тоа, таа нагласила во своето обраќање во Бугарскиот парламент дека претеседателот Пендаровски не нашол две години време да се одзве на поканата да дојде во Бугарија.
Од Петков бараат да се произнесе дали нешто е сменето во ставовите и барањата од страна на Бугарија кон Македонија.