Прес конференција на Христијан Мицкоски

Сега се гледаат резултати, се што е ветено се реализира!

Интегрален текст од прес конференцијата на Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при посета на основното училиште „Ацо Шопов“ во Радишани:

Почитувани,

За мене претставува задоволство кога ќе можам да посетам нешто што веќе се гледа, а претходно било ветувано и за жал не било реализирано.

Посебно импресивно делува ова што го кажа градоначалникот Дарко, а исто така за мене посебен впечаток остави, како што тој рече очистената џунгла во коритото на река Серава подолу.

Средина во која што живееле жителите овде во населба и село Радишани и ќе продолжи понатаму тоа да се средува. После подолго време луѓето виделе дека има и мост и дека има и вода во речното корито, односно дека постои река.

За жал изминатите четири години тоа било комплетно напуштено и запуштено, еве би рекол така.

Ова што се прави во училиштата, ова што се прави за луѓето кои што сакаат да се занимаваат со спорт, тоа што се прави со реквизитите и играчките за децата во градинките навистина делува импресивно. Продолжуваме и понатаму да работиме.

Она што го гледам од страна кај нашиот политички противник е дека ги критикуваат овие мои посети. И би рекол оние скапо платени со украдени народни пари ботови кои што пишуваат по социјалните медиуми само ќе им порачам дека ќе продолжите уште долго да ме гледате и уште долго ќе реализираме успешни проекти. Затоа  што ВМРО-ДПМНЕ тоа што го ветува и го исполнува. А, СДСМ тоа што го ветува, го краде од народот и никогаш не го исполнува. За жал уште долго ќе ме гледаат и уште долго ќе реализираме проекти кои што граѓаните ги бараат од нас за довербата која што ја дадоа на локалните, а многу скоро денеска и на предвремени парламентарни избори.