Повторно работи жичарата до врвот на Водно
Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, информираше дека од денес повторно е пуштена во употреба жичарата до врвот на Водно, до Милениумскиот крст.
Редовниот технички преглед и мониторинг се завршени, а во употреба се и трите автобуски линии до таму. Повторно ќе може да се ужива во убавата природа и глетка.