Орце Камчев е во приватната болница „Аџибадем Систина“
Заради влошена здравствена состојба, Основниот Кривичн Суд во Скопје за прв пат откако е во притвор му даде дозвола на бизнисменот Орце Камчев да го напушти затворот „Шутка“ и да биде однесен во приватната болница Аџибадем Систина.
Орце Камчев скоро десет месеци е во притвор во Шутка како обвинет во случајот „Плацеви на Водно”.
Безбројни се реакциите во врска со неговиот притвор, бидејќи нему му беше одбиено барањето за бранење од слобода, и покрај приложената кауција, за разлика од Мијалков, кому ова му беше дозволено.
Орце Камчев веќе подолг период има проблеми со срцето.