Неделава треба да се довери мандатот за нова влада
Во четвртокот собранието ја констатираше оставката на Заев и од тоагш течат законските десет дена за доверување на мандатот за формирање на нова влада од страна на претседателот Пендаровски. Според негова изјава, очекува мандатот да го додели утре или во среда. Тој сеуште допис од партија или партии кои треба да кажат дека имаат мнозинство и кој ќе биде мандатар на новата влада.
Според очекувањата и најавите, нов мандатар треба да биде новоизбраниот претседател на СДСМ – Димитар Ковачевски. Се чека денес да заседава Централниот одбор на СДСМ на кој Ковачевски и официјално би бил потврден како кандидат за нов премиер.
Во поглед на новиот владин кабинет, она што досега се знае дека Шеќеринска, Царовска. Филипче, а најверојатно и Спасовски нема да бидат дел од новата влада, првите две затоа што сами си поднесоа оставки, третиот затоа што Заев го „истргува“ тоа министерство со Алтернтива, а последниот само најави дека „не би требало да е дел од новата влада.
ОД ДУИ најавија нема да има промени на нивните министри, освен промена на министерства за Јетон Шаќири, чиј ресор го добива Алтернатива и кој би застанал на чело на Министерството за образование и наука.
Новиот мандатар треба до средината на месец јануари идната година да ја достави до Собранието новата програма за работа и составот на новиот владин кабинет, по што пратениците треба да гласаат за избор на новата влада.
За изгласување на новата влада потребни се најмалку 61 глас од вкупните 120 пратеници во Собранието.