Денес, 6ти август, се навршуваат 76 години од нападот со атомска бомба врз Хирошима. Главната церемонија на одбележувањето се одржува во Хирошима со оддавање почит на жртвите со комеморација, положување цвеќе и едноминутно молчење за 140.000 жртви кои починаа во нападот.
Да се потсетиме дека на 9ти август 1945 беше нападнат и Нагасаки, а Јапонија потпиша капитулација на 15ти август 1945 година, со што и официјално се стави крај на втората светска војна.
Заради пандемијата со КОВИД-19, минатата и оваа година церемонијата е затворена за јавноста, а истата може да се проследи на интернет.