Јавно Известување на Дарко Костовски

Вчера на социјалната мрежа Фејсбук излезе личниот став на Дарко Костовски, во кој тој јасно нагласува дека спортскиот успех на Дејан Георгиевски нема и не смее да биде помешан и употребен за дневно – политички цели на која и да е партија. Статусот го пренесуваме во целост:

„Чуствувам должност јавно да изнесам еден мој личен став, став што ќе биде принцип кој ќе нема сила која што ќе може да го урне. Јас како еден од носечките делови на тимот, сакам да истакнам дека јавноста знае дека сум пратеник во собранието на Р. Македонија, исто така знае дека сум пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е непобитен факт на кој јас лично сум горд затоа што сметам дека во политика сум со цврст идеал и желба за попросперитетна, стабилна и спортски развиена Македонија. Она што сакам да го истакнам е тоа дека нашиот олимписки успех, успехот на Дејан Георгиевски, овој најголем спортски успех во нашата независнот, никогаш нема да го помешаме со дневно политички цели во корист на било која политичка партија. На Дејан , на мене и на братми до сега лично ни честитаа дваесетина илјади луѓе, по социјалните мрежи таа бројка е 100 пати поголема. Во честитките има македонци, албанци, турци, срби, роми, бошњаци, има христијани, муслимани, ни честитаат буквално луѓе од сите етникуми и религии кои живеат во Македонија, сите луѓе кои од тој 27ми Јули се погорди.Бевме на прием во Влада, чекаме прием кај претседателот на Македонија, тоа сметаме дека е државна должност према институциите. Додека пак приватно секако можеже и Дејан може да се дружи со сите луѓе, без разлика на партиска или било каква друга припадност, сите буквално сите луѓе можат да се фотографираст со него и слично. Но, уште еднаш да повторам, Дејан никогаш нема да биде дел од политички пораки, или било каква политичка корист на било која политичка партија. Дејан и овој врвен успех припаѓаат исклучително на Македонија и нејзините жители.