Ќе имаме ли кризна состојба на територијата на Република Македонија?
Групата за проценка составена од институциите за национална безбедност во Република Македонија ѝ предлагаат на Владата да се прогласи кризна состојба на територијата на Република Македонија заради зголемената појава на пожари и ризикот по животот на граѓаните.
За ТВ21 премиерот Заев изјави дека веќе е донесена одлука за воведување кризна состојба во времетраење од 30 дена која што се очекува да биде потврдена утре на седница на Владата.