Честитка по повод Илинден и од поранешниот Премиер Никола Груевски
Со честитка до Македонскиот народ по повод Илинден и верскиот празник Св. Илија се јави на фејсбук и поранешниот Премиер на Република Македонија, Никола Груевски.
Тој истакнува дека Илинден 1903 година и Илинден 1944 година се едни од најзначајните датуми и настани во историјата на Македонија и особено на македонскиот народ, истакнувајќи дека претходница на тие два датума е 23 Октомври 1893 година кога се основа револуционерната организација која го организирала востанието и чија борба и херојство биле инспирација, мотивација и пример на илјадниците партизани во борбата против фашизмот и создавањето на македонска држава. Тој исто така го честиташе и христијанскиот празник Св. Илија.
Она што е интересно е дека илјадници граѓани ги следат неговите постови и коментираат на нив.
Линк до постот: https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FNGruevski%2Fposts%2F373813660774571&show_text=true&width=500