Состојбата со пожари на територијата на Република Македонија
Информација за пожари на територијата на Република Македонија:
Денеска до пладне, 02.08.2021, Центарот за управување со кризи известува за неколку активни пожари во државата и можни заришта:
Во Струмица, кај м.в. „Погана“, Општина Валандово, пожарот е се уште активен, но е „пресечен“ од силите за гаснење и не се шири. Нема активно горење, само на неколку места има догорување. Целосно е обезбедена линијата со луѓе.
Во Куманово пожарот кој што е во просорот на тромеѓето помеѓу селата Степанце, Жегљане и Малотино е се уште активен. Со пожарот е зафатена нискостеблеста шума, сува трева, црн бор, и багрем на поголема површина. Од утрово во гаснењето на пожарот е вклучен и хеликоптер на АРМ.
Во Охрид пожарот којшто вчера попладне избувна над селото Делогожда, Општина Струга не е целосно локализиран затоа што е на непристапен терен и во најголем дел гори сува трева.
Во информации од Битола се наведува дека во 09:30 часот е започнат нов пожар на сува трева на рид над млинот во с. Лознани, Општина Могила. Пожарот се проширува во правец на атари на селата Ивањевци и Новоселани.
Од 10:15 часот, ТППЕ Пробиштип се наоѓа на терен кај с. Лезово, месност Воденица, и единицата има интервенција на веќе евидентиран пожар на сува трева и нискостеблеста вегетација. Инаку, пожарот се повторува во неколку наврати.
Се упатува јавен апел до сите граѓани да бидат што е можно повнимателни при движење во природа заради избегнување на појавата на пожари, кои се помногубројни и заради енормно високите температури.