Моментална состојба со пожарите на територијата на Република Македонија

Информациите до кои дојдовме до пладне говорат дека состојбата со пожарите на територијата на Република Македонија сеуште е најкритична на потегот Делчево, Берово и Пехчево. Таму во моментов се вклучени скоро сите расположливи средства и човечки ресурси за да се сопре огнената стихијата, запрен е и сообраќајот, а во овие предели чадот од пожарот се гледа од километри.

Во моментов активни се и неколку пожари во Прилепско.

Во село Челопек, општина Старо Нагоричане, каде вчера гореше страотен пожар, а денес е ставен под контрола, моментално се врши увид на МВР во куќата на 60годишната жена која сеуше се води како исчезната, куќата  беше зафатена од пожарот, а се сомнева дека жената е жива изгорена во куќата.

Инаку владата на денешната седница донесе одлука за прогласување на кризна состојба на територијата на цела држава.