КОГА СУДСКАТА И ИЗВРШНАТА ВЛАСТ НЕ СЕ МЕШААТ ВО РАБОТАТА НА ЕДНАТА И ДРУГАТА СЕ СЛУЧУВА ОВА






СУДОТ ЈА КАЗНИ СОПСТВЕНАТА ДРЖАВА: КАЗНА ОД 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗАРАДИ НЕУСПЕХ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ


Францускиот суд вчера донесе одлука ја казни  државата со 10 милиони евра бидејќи не успеала да го подобри квалитетот на воздухот во поедини области во земјата.

Пред 4 години судот донел одлука и ѝ  наредил на владата да го намали нивото на азотниот оксид и штетните честички во повеќе од 10 зони на територијата на Франција, како би биле во склад со европските стандарди, пренесува Ројтерс. Но владата на Макрон не успеала во тоа и се бранела дека направила сè во својата моќ, од воведување зона со мала емисија на штетни гасови, па до стимулирање за купување на електрични и хибридни автомобили.

Сепак, судот ѝ дал дополнителни шест месеци на владата да се справи со проблемот, во спротивно владата ќе биде казнета со дополнителни 10 милиони евра, пренесува Ројтерс.