За многу години Успение на Пресвета Богородица
Православните христијани денес го празнуваат земниот крај на Пресвета Богородица и нејзината смрт ја нарекува „Успение“, односно упокојување. Не се слави смртта, туку вознесувањето на Богородица во небесните живеалишта. Се слави нејзиното заспивање, бидејќи таа веднаш по нејзината смрт е земена на небото во Христовите прегратки, вознесена е заедно со телото и станува прв и најголем застапник на луѓето пред Бога.
Мајката Божја е заштитник на сите христијани и пример за скромен, духовен богоугоден живот. Но се верува дека Богородица е заштитничка на леунките и на жените им помага при породувањето. Исто така и жените што немаат деца веруваат дека со милоста на Пресвета Богородица ќе добијат рожба.
За многу години да е денешниот празник и нека милоста на мајката Божја ги облее сите за среќа, радост, мир и благосостојба.