Saturday, June 12, 2021
рекламно место 1spot_img
домаЗБОР ТЕМААнализаСЕ СПРЕМАМЕ ЗА ИЗБОРИ ???

СЕ СПРЕМАМЕ ЗА ИЗБОРИ ???

Игор Доневски

Се наближува денот кога ќе бидат распишани локалните избори во Македонија оваа година. Дваесетина дена кампања, прв круг, втор, па конечни резултати со стари и нови кандидати кои ќе бидат реизбрани, сменети и/или заменети со нови ликови. Вечното прашање е – ќе се смени ли нешто, на подобро, или?

        Партиите прават анкети и се думаат дали ќе го изберат “вистинскиот кандидат“ од цивилниот сектор или пак истиот да го бараат во редовите на општинските комитети/одбори, но можеби и ќе се одлучат за пратениците кои доаѓаат од градовите по Македонија… тие истераа неколку кампањи во година две, од редот на парламентарни, претседателски и вонредни локални па тие се поимаат за локални ѕвезди, некои дури и вистински.

          Во дворот на “властодршците“ не следам што се случува, најпрвин затоа што не ме интересираат, па потоа затоа што во моите очи нивните пулени оптегнати по општинските фотељи со општинскиот печат во рака виреат за се освен за она за што се избрани. Основано или не, “не ги можам“. И немам позитивно мислење за нив, од “челниот“ па се до последниот Бот на социјалните мрежи.

          Ме мачи прашањето: ако овие што локално ништо не прават, по анкети се “тука негде“ со останатите, “зарем сме ние останатите на бандаш?“ – Веома вероватно…

          За странците можеби и полесно е да се сфати – не гледаат концепт и лик кој цврсто би седнал на возачкото седиште во Владата, но – што е причината што, по се она што се случи во изминатиот период, “македонската гласачка јавност“ сеуште не гледа политичка опција која би била различна од сегашната,  а која впрочем беше главна улога во третокласниот филм – дебакл кој траеше 4 години… и сеуште трае!

          Да ги побараме одговорите во тоа дека:

  • Се собиравме во Битола наместо во Преспа, каде што имаше “вожњи“ по езеро на министри и премиери, дури и од други држави… се допишуваа и потпишуваа по хартии…се сликаа, вадеа кравати…
  • Имаше референдум за најсуштинското прашање на државата, но времето покажа дека тогашните одлуки во врска со тоа биле млитави, нејасни, дефанзивни од притисокот во воздухот а бога ми и од странски фактор, по теркот седи си мирно, да не носиш мадро
  • И покрај неуспешен референдум, се изведе егзибиција – “двотретинско“, па никому ништо, дури имаше и “позови  8 пријатеља“
  • Се судеа невини луѓе, кои емотивно и во заблуда дека нешто имаат можност да спасат на своја рака, влегоа во Собранието, но тогаш немаше никакви протести… затоа пак, сега, после пола одлежена казна, пар хиљади луѓе по повик/потреба уморно се збираат по Скопје
  • Кандидат за претседател – бивш министер…. како во партијата да нема почитуван и ценет лик
  • Пресуди за луѓето од Собранието, УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ, а закажани протести за струјата, на што еден познаник рече: јас плаќам струја хиљаду денара, а пошто телефонската сметка ми е три пати поголема, кога ќе има протести за тарифите?     Сега, пошто се средивме со струјата, кога нов протест?
  • Пораз на парламентарни избори, сите криви само њега нема! А друго се изјавуваше по емисии, демек “ако не сум одличен, ќе напуштам студии“, половина од кандидатите “никад видени и чуени“, за чија сметка партијци испаѓаа… вклучително и Сафет
  • Имавме три месеци цело Министерство за внатрешни во техничка влада (пошто “стратешки“ го изгубивме Министерството за труд и социјални), ама сега е време да викаме дека имало изборни поткупи
  • Промена на статут, текстуална, суштински без ефект, “задње дугме остаје у централа“. Сите оние кои викаат дека еве со новиот демократски статут сега работите ќе бидат “ферка“, имам едно прашање: ГО ИМАТЕ ПРОЧИТАНО? Пошто ако си писмен, друго вели китапот
  • “задоцнета апликација“ на вонредните локални избори во Штип, каде ќе, цитирам: ја браниме Македонија!
  • Гласање закони кои се во нечија агенда од која директно влијае исходот на следни избори, секако во корист на власта
  • Статутарни судови, институти и унии, со благодарници, селфија и групирање у позадина, наместо избор на месни и општински на кутија, што, патем, ви укажувам дека прави негодување во членството…не дека е лошо да се има здрава структура, туку има приоритет… нешто како кровот што тече и чоколадото на еден министер за финансии
  • Нов концепт – ќе се бираат членови во структурата на партијата од редот на признати и ценети интелектуалци. Прашање: членови во структура, градоначалници, пратеници, па и претседателите на партијата, до сега се бираа од друго место?
  • Попис? Здравје, ќе биде, без замерки, без отисок…можеби записниците се веќе направени… резултатот е меѓу 25 и 30%…
  • Координација на пратеници, едни едно други друго, ги пофалија “несудениот претседник“ и “пратеничката со обезбедување?!?“ дека гласале контра… веројатно затоа се движи по градот со лично обезбедување, а ташната не дава да и биде “пипната“ ни за жива глава, а камо ли да и ја провери некој, па ако сака нека биде метал детектор на аеродром или прием во амбасада… јел’ знаш ко сам ја?
  • Откажување и дистанцирање на исклучително стручни и, согласно новиот концепт, признати и ценети во земјата, а особено во странство! За кои подоцна се вели: у постојан контакт сме, у екипа е…како у екипа кога ниту у комисија не се “запишани“… нема карта ни за трибина, а го пријавуеш за “прва постава???“ Ама пак затоа Митко у Кавадар ќе го подржиме вероватно.

          Расцепкани и раскарани, малограѓанштина и упикување, бројач на селфи и лајкови не прави Влада. Може да не ти се допаѓа некој, да имаш лоша историја, негативен впечаток, да ти иде на живци, ама за победа треба тим… Џабе е цело саморекламирање на поединци, прикажување “особен интерес и успех“ со цел подобро себепозиционирање во партиската структура… што во моментов се чини очекувано. Џабе е да донесеш арктички мечки и пингвини, ќе зовријат од топло, џабе би саделе полиња со лалиња, ке ги утепа сонце, како што е џабе приказни дека еве готови се – доаѓаме, засилувајќи ги апетитите и лактањето…исто како што јас џабе везам!

Пишува за ZBOR.COM.MK Игор Доневски

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img

последно додадени

последно коментирани