Wednesday, July 28, 2021
рекламно место 1spot_img
домаВЕСТИНавални: Ме трујат бидејќи им претставувам закана пред изборите

Навални: Ме трујат бидејќи им претставувам закана пред изборите

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални изјави денеска дека е сигурен оти руските разузнавачки служби го труеле со нервен агенс „новичок“, бидејќи претставувал закана за власта пред парламентарните избори следната година.

– Свесни се дека постојат големи, големи проблеми, кои им претставуваат закана пред изборите за Државна дума, истакна Навални.

Тој нагласи дека не знае како нервниот агенс влегол во неговиот систем, додавајќи дека постои можност да допрел нешто. Навални додаде дека неговото закрепнување би можело да трае уште два месеца.

Рускиот опозиционер истакна дека има проблем со тресење на рацете, оди на физикална терапија, неговото здравје е значително подобрено, а лекарите се изненадени од брзото закрепнување.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img

последно додадени

последно коментирани