Чулев со прашање до власта: Кој е сега виновен?!!
Денес го нема Наќе Чулев и го нема ВМРО ДПМНЕ во техничката Влада, но бројката на позитивни и умрени од корона вирусот драматично расте. И не само за играње оро и отворено дуќанче во Чаир како што беше тогаш примерот, денес се случуваат бројни масовни забави, концерти и журки во државата на кои не се почитуваат протоколите, а за кои институциите молчат и не преземаат никакви мерки или мерките се преземаат намерно и договорено после веќе оддржаниот настан.
Денес очигледно е дека виновен е системот, лошите одлуки на Комисијата за заразни болести кои се менуваат по потреба и лошото менаџирање со справувањето со короната од страна на Владата, а тогаш единствениот виновник за ваквата состојба беше само Наќе Чулев и ВМРО ДПМНЕ.
Со исклучителна почит за полициските службеници, но нив деновиве ги гледам како пишуваат казни за сообраќајни прекршоци, а Оливер Спасовски истовремено замижува за масовните забави на кои ниту се држи дистанца, а ниту се почитуваат препораките за заштита на граѓаните.
Денес со овие бројки повеќе од кога било во прашање е доведено општото здравје на граѓаните, но дежурните ботови воопшто не се загрижени, затоа што тогаш Наќе Чулев беше министер, а денес на истата таа позиција е поставен Оливер Спасовски. Тогаш, Оливер критикуваше и бараше оставка од мене, а бројките беа речиси 20 пати помали од денешните на дневна основа, а денес со мал прст не мрднува да преземе било каква активност за заштита на здравјето на граѓаните.
Тогаш потенцирав и денес пак ќе споменам дека здравјето на граѓаните е најважни и во таа насока во оваа прилика апелирам и барам до сите надлежни институции да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на здравјето на граѓаните.
Само да потсетам: Ако можеше една кафаеана да се чува со цела група специјалци, може и десетина полициски службеници и неколку пазарни инспектори да преземат мерки кога еден или повеќе локали пред очите на јавноста ги кршат протоколите и со тоа претставуваат ризик за здравјето на сите нас.
Сега кој е виновен?!!
Фејсбук статус на поранешниот технички министер за внатрешни работи Наќе Чулев.