Тешка измама од скопјани, еве како изнудиле пари
На 07.10.2020 во 13:50 часот во СВР Скопје, Ј.К.(32) од с.Франгово, струшко, пријавил дека бил измамен од две лица во Скопје.
Според пријавеното, околу 10:30 часот на подрачје на Центар едното лице го пресретнало и побарало да му помогне за превод со другото лице, за да му плати во врска со направена сообраќајна незгода.
Исто така, според пријавеното, првото лице побарало од второто лице да купи часовник и заминало во банка да извади пари. Како што е пријавено, со изговор дека треба да оди во болница, второто лице го оставило часовникот на Ј.К. и му побарало пари.
Според пријавеното, Ј.К. му дал 250 швајцарски франци, 100 американски долари и 100 евра, по што лицето заминало. По одредено време двете лица не се вратиле, по што Ј.К. заклучил дека го измамиле. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.