Ако сте љубител на компири и сирење и на сите комбинации на овие две намирници, мора да ја пробате и оваа комбинација. Подготовката е многу едноставна, а резултатот е вкусни крцкави ќофтиња на кои е навистина тешко да им одолеете.
Потребни состојки:
400 грама ладно пире од компири
1 мал кромид
100 грама рендан пармезан
70 грама скробно брашно
1 јајце
сол и црн пипер
2 лажици масло за пржење
2 лажици путер за пржење
Начин на подготовка:
- Исечкајте го кромидот ситно. Потоа, ставете го пирето од компири во еден сад, додајте го кромидот, додајте сол и црн пипер по вкус, а потоа додајте го изматеното јајце и добро измешајте.
- Потоа, додајте ги ренданото сирење и скробното брашно и измешајте. Смесата треба да биде малку сува, но да може да се обликува. Ако забележите дека е премногу леплива и не можете да ги обликувате ќофтињата, слободно додајте уште неколку лажици скробно брашно.
- Оставете ја смесата во фрижидер околу 45 минути за да се стврдне. Откако смесата ќе се олади, извадете ја од фрижидерот. Земете малку смеса и формирајте топче кое потоа лесно ќе го сплескате со дланките во форма на диск. Ставете ги ќофтињата на мрсна хартија.
- Ставете масло и путер во тава за пржење и загрејте на средна топлина. Кога мрснотијата ќе загрее, внимателно ставете ги ќофтиња на неа. Пржете на едната страна околу 3-4 минути или додека не забележите дека ќофтињата добиваат златно-жолта боја. Потоа, внимателно свртете ги и пржете на другата страна околу 3-4 минути. По пржењето, ставете ги на чинија обложена со хартиена крпа за да се впие вишокот мрснотии.