Никој не верува дека СДСМ може да ја спаси Македонија, и економските соработници на Заев ја напуштаат Македонија

Македонија економски тоне, а никој повеќе не верува дека владата на премиерот Зоран Заев може да ја спаси државата од кризата. Во тоа не веруваат ниту неговите довчерашни соработници, односно оние кои до вчера, ја пишуваа и спроведуваа економската програма на СДСМ.

Тројца довчерашните економски експерти на премиерот Зоран Заев откако претходно ги напуштија своите функции во Владата, сега ја напуштаат и државата. Ако до вчера веруваа дека владата на СДСМ може да донесе економски бум, сега ниту тие самите не веруваат дека воопшто можат да работат во ваква држава.

Поранешниот министер за финансии и екс претседател на комисијата за економија на СДСМ, Драган Тевдовски како економски експерт замина да работи во Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон. Тевдовски не беше само министер, тој беше и вонреден професор на Економскиот факултет во Скопје.

По него си замина и неговиот советник додека беше министер, Рилинд Кабаши, кој ќе работи како предавач во тренинг центарот на ММФ во Виена. Кабаши кој беше советник за макроекономската политика, јавен долг, како и односи со меѓународните финансиски организации, сега е добар за ММФ, но не за премиерот Заев.

Последен економист кој си заминува од Македонија е Бранимир Јовановиќ, кој од први октомври е професор економист во Виенскиот институт за меѓународни економски студии. Јовановиќ во Македонија покрај советник во министерството за финансии беше и професор и истражувач на Институтот за општествени и хуманистички науки.

Ако првите двајца, не ги наведоа причините зошто си заминуваат, за нив одговорот го даде Јовановиќ. Тој во интервју на „Канал 77“ на прашањето дали тој и Тевдовски не биле добри за Македонија, но се добри за Вашингтон, односно за Виена, рече дека тоа треба да се запрашаат луѓето тука.

– Се разбира дека ако изминатите две-три години работите се одвиваа онака како што требаше, јас се уште ќе бев во Македонија, а веројатно и Тевдовски. Но, не може да го вратиме времето, мора да гледаме напред, изјави Јовановиќ.

Овие зборови на Јовановиќ практично потврдуваат дека тие ја напуштаат Македонија затоа што состојбата во Македонија е лоша и не сакаат да работат во држава каде работите не се одвиваат како што треба.

Дека ситуацијата во земјава е алармантна говори и фактот што и самата влада потврди дека буџетскиот дефицит изнесува 8,4% од БДП, додека пак ЕБОР предвидува пад од 5 на БДП за годинава. Дополнително веќе има нови 40.000 невработени, а опаѓаат производството во индустријата и извозот од Македонија.

Затоа е за неверување е како во таква криза, премиерот Зоран Заев и владата не се загрижени што економските експерти заминуваат од државата, како тие се добри за меѓународните и реномирани институции, но не и за власта.

На ова алармираше и поранешниот потпретседател на СДСМ, Зоран Јовановски кој истакна владата треба да почне малку да се секира и за ваквите работи и да не дозволува земја да ги губи професорите и економските истражувачи.

Постави одговор

Your email address will not be published.