Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку зборува за критиките со кои се соочи додека играше за Манчестер Јунајтед.
– Кога играв во Англија, тие рекоа дека сум мрзлив, дека не трчам, не правам ништо. Во Интер ме нарекуваат најтрудољубивиот играч во тимот. Ако споредите како играв во Англија и како играм во Италија, можете да видите подобрувања, но сепак, јас сум повторно истиот Ромелу. Гледајќи ме сега, можете да го видите мојот целосен потенцијал. Сега гледате што можев да направам во Англија. Да бев бавен, немаше да постигнам таков гол како во полуфиналето од Лига Европа со Шахтјор, немаше да освојам пенал во финалето со Севиља. Сакате да кажете дека сум побрз на 27 отколку на 25? “, изјави Лукаку за „Тајмс“.