Колку луѓе треба да умрат од корона за Филипче да даде оставка?
Бројка за новозаболени лица од КОВИД-19 во последните 24 часа е 364 лица, за една недела тоа се 1810 новозаболени, а со бројката на вкупно починати 775 лица, ќе има ли одговорност од страна на министерот за здравство за неуспешноста во справување во пандемијата и негова оставка?
Денешната бројка на новозаболени е највисока бројка за рок од 24 часа од почетокот на пандемијата во Македонија.
Од почетокот на месецот до денеска, за само една недела во земјава има 1810 луѓе новозаболени од корона и 36 починати. За само три дена има 908 нови случаи, а бројката на починати од почетокот на пандемијата е 775 лица.
Од новите мерки кои се најавени денеска од страна на Владата како забрана за семејни поголеми собири, прослави и забави во домашни услови, се забранува групирање на јавен простор на повеќе од 4 луѓе после 22 часот, како и забрана за собирање во паркови и бензински пумпи. Се воведува и задолжително носење на заштитни маски и на отворено и во било кои јавни објекти, во јавен и во приватен транспорт.
Иако Владата сега носи нови рестриктивни мерки, бројката на починати лица до сега од почетокот на пандемијата се чини дека со зголемување на бројот на заболени ќе има тенденција на уште поголем пораст.
Со месеци сме земја со најголем број на починати лица на милион жители во регионот, па се чини дека ниедни мерки сега воспоставени нема да ја променат реалноста во починати граѓани од вирусот. Се погласни се коментарите од граѓаните дека состојбата во здравството е тотален хаос, со црни статистики како бројката денеска, прашањето за оставка на Филипче е нужно ако се земе во предвид дека во земјите од Европа надлежните министри си поднесуваат оставки при далеку по мали бројки на новозаболени и смртни случаи, дали ќе има доблест министерот за здравство за поднесување на оставка останува да видиме во периодот кој што следи.