Д-р Лазаров: РАЗРЕШЕНИ СЕ СЕСТРИТЕ ОД ИНФЕКТИВНА кои сакаа да дадат отказ
Доктор Ненад Лазаров од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари објави дека сестрите од Инфективна клиника кои се заканија со отказ биле разрешени од позициите.
-Инаку, медицинските сестри што дадоа отказ од Инфективна, а кои експресно ги прими загрижениот министерот другиот ден, експресно и се разрешени од местата одделенска т. е главна сестра после состанокот, напиша Лазаров на фејсбук.
Истиот лекар на 29 септември објави дека главната сестра на Инфективна клиника и уште две одделенски сестри дале отказ.
Инаку, медицинските сестри што дадоа отказ од Инфектовна, а кои експресно ги прими загрижениот министерот другиот ден,
експресно и се разрешени од местата одделенска т. е главна сестра после состанокот.
Тој тогаш објави и документи од неговите колешки кои се жалат дека нивната работа е непочитувана, иако претставува најважна алка во медицинскиот тим.
Веќе следниот ден сестрите на разговор ги прими министерот за здравство Венко Филипче.