Граѓаните контра смешните мерки на Филипче, ваквите мерки нема да помогнат во борбата со вирусот
Министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција истакна нови мерки кои ги пропиша Комисијата за заразни болести кои според нив се очекува да влијаат позитивно врз лошата ситуација со ковид пандемијата, односно да се намали бројот на заболени.
Донесени се следните предлог-мерки на Комисијата за заразни болести што ќе ги достави до Владата на усвојување, со цел да се спречи ширењето на заразата од коронавирусот:
– Забрана за поголеми семејни прослави во домашни услови, и групирање на јавни простори по 22 часот, како и задолжително носење маска на отворено и во затворени јавни простории.
– Се забранува групирање во домовите на семејни прослави, слави. Во едно жиивеалиште дозолено е да се примаат дополнителни четири лица.
– Се воведува задолжително носење маски или заштитна опрема на носот и устата секаде при престој на отворено, на затворено во кој било јавен објект, на работно место, јавен и приватен транспорт. Исклучок се прави при спортување на отворено и затворено, при транспорт во приватно возила на членови на едно семејство, при седење во угостителските објекти со почитување на соодветни простории, при престој во службени простории ако е лицето само во просторијата.
На ваквите мерки предложени од министерот Филипче реагираше јавноста која вели дека мерките не само што нема да придонесат за намалување на бројот на новозаболени, туку се смешни и нелогични. Според нив, во врска со мерката за гости не повеќе од четворица, велат дека не е логично некому да кажете дека може да дојде на гости но само доколку се четворица, инаку е предвидена казна.
Граѓаните прашуваат дали семејствата кои живеат под ист кров, а бројат над 7-8 членови, се помалку опасни од гостите кои по претпоставка би дошле само четворица?
На социјалните мрежи веќе втор ден врие и јавноста се исмејува со мерките, иако ситуацијата ниту малку не е за потсмев.
Граѓаните бараат сериозни и издржани мерки кои реално ќе помогнат во борбата со вирусот, а не измислени мерки зад кои се крие неспособноста на министерот Филипче и членовите на Комисијата за заразни болести.