Бесими рамнодушно призна дека јавниот долг ќе надмине 60,5% од БДП загрижувачки размер од над 6,5 милијарди евра
На вечерашната „Топ тема“ на Телма телевизија, министерот за финансии Фатмир Бесими рамнодушно призна дека јавниот долг ќе надмине историски 60,5% од БДП, со загрижувачки размер од над 6,5 милијарди евра.
-Во сегашниот буџет без овој ребаланс има предвидено домашно задолжување од 250 милиони евра на нето основа, повеќе од што сме го имале на почетокот од годината, до сега скоро 200 милиони се искористени, вели Бесими.
Со тоа што со ребалансот одиме на плус 200 милиони евра зголемен буџетски дефицит разликата ќе се финансира, 100 милиони евра од депозити и 100 со дополнително задолжување и тие 50 милиони евра што бе предвидени од претходно.
По тоа Бесими истакна дека ќе се потребни дополнителни 150 милиони евра домашно задолжување до крајот на годината и 100 милиони евра од буџетската сметка за да се покрие дефицитот.
На прашањето дали се останати средства од претходната издадена еврообврзница од 700 милиони евра историски најголем износ, Бесими одговори дека ако биле доволни на нето основа немало да има потреба од ново задолжување, но очигледно не се чим Владата дополнително ќе се задолжува, а тоа било резултат на кризата вели Бесими.
Бесими призна дека земјата се соочува со сериозен економски предизвик во ситуација кога има ваков буџетски дефицит.
На прашањето ако се знае дека јавниот долг годинава односно од последните податоци од вториот квартал е 59,5 % од БДП што значи дека македонската економија должи околу 6 ипол милијарди евра, колку ќе должи земјата според најавените задолжувања, Бесими призна дека јавниот долг ќе стигне до 60,5% од БДП, односно до еден процентен поент е има импакт врз јавниот долг.
На прашањето пак дали е загрижен за тоа дека јавниот долг ќе стигне над 60% од БДП, Бесими вели дека тоа не е нешто кое не би требало да се каже,а тој вели дека е загрижен за економската ситуација и социјалниот импакт од кризата.