Tри жени во трката за директор на СТО (Светска трговска организација)

Три жени, од кои две од Африка, влегоа во вториор круг за избор на генерален директор на Светската трговска организација (СТО), како и двајца мажи.

Претходно бројот на кандидати е намален од осум на пет, соопшти Организацијата со седиште во Виена.

Еден од кандидатите треба да го замени Бразилецот, Роберт Азеведа, која се повлече од функцијата на почеток од август, една година пред истекот на мандатот.

СТО, која постои 25 години никогаш немало жена ниту лице од Африка.

Петте кандидати се кениската министерка Амина Мохамед, поранешната министерка за финансии на Нигерија, Нгози Окоњо-Ивеал, поранешната јужнокорејска министерка за трговија Јо Мјунг-хе, Мухамед ал Туваиџри од Саудиска Арбија и поранешниот британски министер Лијам Фокс.

Вториот круг на избор за директор на СТО, на кој ќе гласаат претставниците на 164 членки ќе се одржи од 24 септември до 6 октомври, кога бројот на кандидати ќе биде намален на два. Новиот директор на СТО треба да биде избран на почетокот од ноември.

Изборот на нов шеф на СТО обично трае девет месеци, но сега тоа се спроведува за три месеци. Новиот генерален директор, според непишано правило се избира со консензус, а гласањето се користи само како крајно средство.

Наследникот на Азеведа ќе се соочи со предизвиците – реформирање на СТО, преговори во момент на растечки протекционизам, длабоката рецесија предизвикана од пандемијата со Коивд-19 и трговски тензии, пред се помеѓу САД и Кина.