5-ТЕ НАЈУНИКАТНИ КУЌИ ВО СВЕТОТ КОИ ЌЕ ВЕ ОСТАВАТ БЕЗ ЗБОР
Поголемиот дел од луѓето во Македонија но и на Балканот, живеат во едноставни апартмани или куќи, кои се слични меѓу себе по распоредот на соби. Но, некои луѓе сакаат да се издвојат, па си прават навистина интересни живеалишта. Погледнете некои од најинтересните куќи во кои сигурно ќе посакате да живеете, или ако не повеќе само да ги посетите и да им се воодушевувате на креативноста.
1. Хелиодом, Франција
Хелиодомот во Франција е куќа која ќе ви го направи животот многу удобен но и ќе ви помогне да заштедите енергија. Соларните колектори на куќата ја одржуваат студена во лето, и топла во зима. Куќата е секогаш отворена за посетители.
2. Куќа огледало, Италија
Навистина е тешко да ја забележите оваа куќа бидејќи огледалата прават да „исчезне“. Дури кога ќе се доближите до неа ќе можете убаво да ја видите. И најважно од сè, можете да ја изнајмите за разни прослави, каде вашиот настан би останал вечно запаметен.
3. Куќата Наутилус, Мексико
Ова уметничко дело е направено од Хавиер Сеносиан. Куќата е отворена за туристи и можете да ја посетите кога било.
4. Биоморфен дом, Израел
Оваа футуристичка куќа е изградена од францускиот архитект Ефрем Хенри Павије. Куќата е еколошка и изгледа толку добро што секој би сакал да живее во неа.
5. Камената куќа, Португалија
Оваа куќа е приватна и е опкружена со ограда. Целата куќа е издлабена во камен. Не се знае кој живее овде, но привлекува многу внимание бидејќи сопственикот поставил и знаци на кои пишува „Приватна сопственост“.