Изложба на слики од циклусот ,,БАХАНАЛИИ” во Неготино

Изложбата на слики од циклусот ,,БАХАНАЛИИ” ќе биде отворена на 22.09.2020 г. во 20.00 часот во Музејот на град Неготино и ќе трае до 04.10.2020г.

Трајче Чатмов е роден 1971 ва година во Скопје . Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во 1996 во класа на Рубенс Корубин , а магистрирал 2000 г. под менторство на Родољуб Анастасов . Зад себе има триесетина самостојни изложби во Македонија и надвор од неа и учество на повеќе групни изложби.

Во контекст на одговорноста на поединецот, аплициран врз „состојбата на работите“ и „изгледот на нештата“), БАХАНАЛИИТЕ на Чатмов тематизираат претстава за вербата, како емотивна и интелектуална состојба и своевидна современа социо-политичка аномалија. Како составен дел на концептот на општествената кореографија, Баханалиите на Чатмов изобилуваат со неверојатни примери на ликовен сарказам со кој силно се спротиставува на недоследноста, малформацијата на востановените вредности, посегањата по туѓото, обезвреднување на исконското, испревртените вредности, (моралн itите особено), во секој од нас, но истовремено ни нуди и сопствена валоризациска перспектива која бранува и се пресметува со рамнодушноста.

Погледнете дел од неговите фантастични дела:

  • Писател и новинар – Aлександар Сашко Кукулев