Thursday, February 2, 2023
рекламно место 1spot_img
домаВЕСТИТрагедија - Мајка ги убила своите пет деца

Трагедија – Мајка ги убила своите пет деца

Тела на пет деца се пронајдени во стан во градот Солинген во Германија, соопшти полицијата, која даде само мали детали за несреќата, без да ја каже причината за смртта. Полицијата добила повик од бабата, која пријавила дека нејзината 27-годишна ќерка ги убила своите пет деца и веројатно бега со уште едно дете во обид да се самоубие. Полицијата ја пронашла мајката на железничката станица во Дизелдорф, качена на еден од вагоните, но не успеала во намерата да се самоубие. При падот се здобила со тешки повреди, и таа во моментов е хоспитализирана. 11-годишното дете кое било со неа успеало да преживее.

Но, полицијата во станот ги пронашла телата на петте деца, три девојчиња на возраст од 1, 2 и три години и две момчиња на возраст од пет и шест. Нема информација за тоа кој бил мотивот на оваа трагедија, која полицијата ја третира како „криминален акт“. На терен се 40 полицајци, а се очекува министерот за внатрешни да даде и официјална изјава до крајот на денот.

ВО МОМЕНТОВ, ПРЕТПОСТАВУВАМЕ ДЕКА 27-ГОДИШНАТА МАЈКА Е ОДГОВОРНА ЗА СМРТТА НА ДЕЦАТА. МАЈКАТА СЕ ФРЛИ ПРЕД ВОЗ ВО МЕТРОТО ВО ДИЗЕЛДОРФ И Е ПОВРЕДЕНА. ВО МОМЕНТОВ Е ВО БОЛНИЦА. ПОСТОИ И ШЕСТО ДЕТЕ, МОМЧЕ, КОЕ ПРЕЖИВЕА, И СЕГА Е НА БЕЗБЕДНО ВО ВДОМУВАЧКО СЕМЕЈСТВО ВО ДОБРИ РАЦЕ. ОДДЕЛОТ ЗА КРИМИНОЛОГИЈА ТРЕБА ДА ЈА РАСВЕТЛИ ЦЕЛАТА ПОЗАДИНА НА СЛУЧАЈОТ, СООПШТО ПОРТПАРОЛОТ НА ПОЛИЦИЈАТА ВО СОЛИНГЕН.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img

последно додадени

последно коментирани